Возачите ги одложија разговорите за Јапонија до следната трка

Разговорите помеѓу Формула 1 возачите и ФИА околу наодите од Јапонското Гранд При и инцидентот со кранот се одложени за следниот викенд, односно Мексиканското Гранд При.

Две недели по контроверзната трка на која Макс Верстапен ја освои својата втора шампионска титула, ФИА го објави извештајот и наодите за инцидентот, како и насоките во однос на се што треба да се подобри за во иднина. Контролата на трка призна дека го изумила Пјер Гасли пред да го испрати кранот на патеката за да го отстрани болидот на Карлос Саинз.

Извештајот на Федерацијата посочи низа чекори кои ФИА треба да ги имплементира со цел да не се повтори се што се случуваше на Сузука, развивање на нов систем за инфмирање доколку има механизација на патеката со цел во иднина да не се повторат грешките. Извештајот требаше да биде дискутиран во падокот во Остин во Петок, но според motorsport.com тоа е одложено на барање на возачите со цел да имаат пвеќе време за анализа на извештајот.

ни требаат тие 3-4 деновит помеу остин и мексико сити за да го прочитаме извештајот и да подготвиме коментари за сите засегнати страни. видливоста беше дискутирана во ивештајот на фиа и сметам дека тоа е поважно од се – посочи саинз.

На прес конференцијата крај Саинз беше и шампионот Макс Верстапен кој се осврна на проблемите од Јапонија.

кога поминав до болидот на карлос со кранот на патеката, јас го видов. но, кога сте дел од колоната и никој не ви кажува преку каналите на комуникација дека има кран на патеката, од водата не гледате ништо и може да биде претерано опасно.

кога сте зад болиди при мокра патека секогаш гледате лево и десно за да видите дали има некаква опасност, дали има некој кран, за да разберете. со проблемите во однос на видливоста може да се решат со подобра и побрза комуникација. мислам дека лесно можеше да се подобри ситуацијата и мислам дека во иднина мора да се промени. останатото од сузука е лесна теа која може да се реши.

Од викенов ФИА реши Нилс Витич да биде единствен директор на трка и да не ротира со Едуардо Фреитас, на што Саинз изјави:

ќе си го задржам своето мислење за себе и нема да дозволам фиа да знае што мислам, но им верувам со се што прават затоа што знам дека само сакаат да се подобуваме.

нема да лажам, фиа има многу тешка година и сите сакаме да напреднеме во вистинска насока, а ние мораме да и помогнеме – посочи возачот на ферари.

времето ќе покаже дали се во право, дали ни треба еден директор за трка, двајца, петмина, која да знае, тешко е – смета верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ