Воулс за моторот на Вилијамс: Не сме венчани со Мерцедес

Новиот тимски шеф на Вилијамс, Џејмс Воулс, откри дека неговата екипа ги разгледува опциите за снабдувач со мотор од новата генерација на агрегати која ќе влезе во спортот од 2026 година.

Во моментов трофејната екипа од Гроув користи мотори на Мерцедес, но секако дека имаат опција да променат агрегат доколку сметаат дека тоа е најдобро за нив. Теоретски, Мерцедес може да биде приморан да се збогува со некои од трите муштерии затоа што согласно новите правила, најмногу три екипи може да користат исти агрегат, вклучително и фабричката. Во моментов освен Мерцедес и Вилијамс истиот мотор го користат и Астон Мартин и Мекларен.

Ферари има три екипи кои ги снабдува, но од 2026 година тој број веројатно ќе се намали затоа што Заубер ќе користи фабички Ауди мотор.

Рено веќе некое време бара муштерии кои заедно со фабричкиот Алпин би користеле нивни мотор, а доколку Андрети влезе во спортот, има преддоговор за користење мотори од Вири.

Во најинтересна ситуација е Хонда кои доставија се што е потребно за да покажат интерес за учество од 2026 година, но Ред Бул и АлфаТаури ќе користат Ред Бул Пауертреинс Форд агрегат, така што јапонците мора да се вдомат некаде.

Мекларен и Вилијамс се кандидати за јапонските коњски сили, иако политиката е голем проблем со тимот од Вокинг затоа што нивнот опретходно партнерство со Хонда заврши многу лошо.

во моментов сме во процес на разбирање на опциите кои ги имаме пред себе. правилата велат дека еден мотор може да биде користен од најмногу три екипи, така што мерцедес ќе мора да има екипа помалку.

во тек се дискусии, но на никој начин не сме веначни со мерцедес и анализираме што имаме како опција. сите екипи ќе го сторат тоа и мораме доста брзо да донесеме одлука затоа што на крајот на годината ќе биде предоцна – вели воулс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ