Волф демантира: Инеос нема интерес да го купи Мерцедес

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, се најде повикан да одговори на шпекулациите кои велеа дека петрохемискиот гигант Инеос, дал огромна понуда за да го превземе најголемиот дел од сопствеништвото врз Формула 1 тимот.

Британски The Mail го цитираше Еди Џордан кој изјави дека милијардерот и сопственик на Инеос, Џим Ратклиф, дал понуда од 700 милиони фунти за најдоминантната екипа во спортот. Еди дообјасни дека екипата ќе е вика Инеос, Мерцедес ќе задржат 30% во сопственичката структура, а Тото повеќе нема да биде шеф.

луѓето наслушнуваат некои ситници и самите си прават приказни. даимлер нема никаква намер да се откаже од екипата, а инеос нема интерес да купи мнозинство од некоја екипа, додека јас немам намера да се откажам од моите акции. многу работи за измислени.

иднината на тимот е јасна, екипата се вика мерцедес амг петронас ф1 и тоа нема да се промени – додаде австриецот.

Инеос е еден од главните партнери на Мерцедес со кои соработуваат на неколку проекти во Американскиот јахтинг куп и велосипедизмот како спорт. Инеос стана сопственик на познатиот велосипедски Sky тим минатата година по што истиот го преименуваа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ