Волф заминува од Мерцедес?

Се појавија се повеќе шпекулации во германските медиуми дека Тото Волф набрзо ќе замине од својата шефовска улога во Мерцедес Ф1 тимот, но би го задржал своето учество во истиот.

Auto Bild и F1 Insider тврдат дека иднината на Мерцедес во спортот по 2020 година е моментално тема на разговори во Дајмлер. Веста вели дека Волф ќе замине од Брекли пред да започне сезоната во Австрија, но во исто време нема информации околу неговата замена.

Волф има 30 проценти учество во Формула 1 тимот на Мерцедес, додека Даимлер е сопственик на 70 проценти, откако согласно договорот, го превземаа и уделот на Ники Лауда. Едно сценарио е дека е можна исплата во акции од Астон Мартин, со што Даимлер би го зголемиле своето учество во компанијата, со што Строл и Волф ќе останат мнозински сопственици на шампионската Формула 1 екипа.

Астон Мартин на почетокот на неделава го постави шефот на Мерцедес АМГ, Тобиас Моерс, близок до извршниот директор на Даимлер Ола Калениус, како нов Главен извршен директор.

Можно е дека назначувањето на Моерс е прв дел од планот во кој се вклучени Даимлер и излезот на Мерцедес од Формула 1, барем како фабрички тим, додека би останале како снабдувач почитувајќи ги договорните обврски со Вилијамс, Рејсинг Поинт и Мекларен. Потегот поттикнува повеќе прашања околу иднината на Луис Хамилтон во Формула 1. Шесткратниот шампион сеуште не се посветил на Мерцедес за 2021 и понатаму, а често своите планови ги поврзува со одлуката на Волф.

Доколку Астон го откупи тимот на Мерцедес, одлуката ќе отвори прашања околу иднината на Рејсинг Поинт, кои треба да станат Астон Мартин во 2021 година. Дали тимот ќе остане во рацете на Строл или канадскиот милијардер ќе ја продаде екипата?

Рускиот бизнисмен, Дмитри Мацепит, кој не успеа да ја купи Форс Индија во 2018 година, би можел да биде алтернатива за розевиот тим иако медиумите пренесуваат негова заинтересираност да го превземе фабричкиот тим на Рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ