Волф: Заостатокот предизвикува нервоза

Тото Волф од Мерцедес призна дека неуспехот да го намали дефицитот во однос на ривалите Ред Бул и Ферари предизвикува огромна нервоза.

Германскиот производител на автомобили претрпе фрустрирачки почеток на сезоната оваа година, при што неговиот В13 е забавен од екстремното потскокнување. Но, иако постигна добар напредок во изнаоѓање решение за феноменот во Шпанија, следуваше Монако каде се виде дека сè уште не е целосно најдено решение.

Тимскиот шеф, Тото Волф, вели дека иако В13 покажува одредено подобрување, тој мисли дека е далеку од идеално што тие сè уште изгледаат дека не се поблиску во однос на темпото до челните екипи.

Мислам дека сме трета екипа. Ние не сме втори, ниту сме четврти. Имаме двајца исклучително силни возачи, но за сите нас е огромна нервоза што разликата е приближно иста.

Ако гледате оптимистички, тогаш тоа е пет десетинки. Ако гледате песимистички, тоа е повеќе од осум десетинки.

Мислам дека учиме во моментов на секоја патека. Буквално секој километар што го поминуваме е важна лекција за тоа како можеме да го подобриме болидот.

Но, ние само треба да излеземе од оваа ничија земја во која се наоѓаме во моментов.

Мерцедес го доведе во прашање својот концепт со нулта подлоги во последниве недели, но формата што ја покажа на Шпанското Гранд При се чини дека стави крај на дебатата за ова прашање во блиска иднина. Волф рече дека фокусот сега бил на целосно извлекување на потенцијалот што верува дека го има во својот болид, но смета дека ќе дојде момент кога можеби ќе треба да направи похрабар избор за 2023 година, ако работите не се подобрат.

Запрашан од дали Мерцедес сега е целосно посветен на својот концепт за 2023 година, Волф рече:

Ако сакате да го промените концептот, треба да разберете што ќе го направи новиот концепт побрз од сегашниот. но, ако тоа го знаевме, ќе го направевме.

Во моментов се уште многу веруваме во структурата и организацијата и се обидуваме да донесеме развој и разбирање за да се зголеми темпото на болидот.

Мислам дека треба само да продолжиме да работиме, ако треба да се донесат одлуки за следната година кои не можат да се променат за сегашниот болид, без разлика дали тоа е архитектура или аеродинамички, овие одлуки треба да се случат, Но сè уште не сме во тој момент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ