Волф за евентуален премина на Биното во Мерцедес

Шефот на Мерцедес зборуваше за тоа зошто Матиа Биното нема да заврши во Ферари и зошто подолго работел во тимот од тоа што мислел Волф.

Тој отфрли било какви шанси за евентуален премин во Мерцедес на Биното.

Биното замина од Ферари откако не успеа да се бори за титулата со Ред Бул оваа сезона. Тој го замени Аривабене во 2019 година и претходно го раководеше техничкиот дел на Ферари и посебно неговата специјалност се моторите.

Мислам дека има премногу различности помеѓу нас во последните години за тоа да биде можно. Тој ја знае Ф1 како функционира и може да се снајде на повеќе позиции во тим. Не е тајна дека имавме неколку моменти во текот на годините и се тоа заврши оваа сезона. Сега сме во подобра позиција но јасно е дека тој беше под голем притисок. Кога заминуваш од Ферари мора да имаш добар доогвор.

Сега се бара нов шеф на Ферари и Волф изјави дека некогаш размислувал за таа позиција.

Нема кој не ја сака таа позиција. Сеуште не ми се верува дека Даимлер ми дадоа можност да го водам тимот. Тоа е неверојатно нешто и доколку Ферари ми понудеа тогаш немаше да ми се верува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ