Волф: И да немавме лимит, немаше да го решиме проблемот

Тото Волф верува дека Мерцедес немало да го решат проблемот со нивниот болид дури и да немале лимитиран буџет сезонава. 

По освојување на осум последователни титули, Мерцедес имаа тешка сезона мачејќи се да им парираат на Ред Бул и Ферари со новите правила. Во текот на сезоната се работеше на решавање на проблемот со нивниот револуционерен В13 болид, но се чинеше дека не е само еден. Сега тимот има планирано големи промени за новиот пакет. 

Ја имавме способноста, имавме време и алат, Но одевме дел по дел да го решиме проблемот и тоа ништо не промени.

Наредната година се надевам дека ќе ни биде полесно. Ќе ја промениме архитектурата и изгледот на болидот. Со новите правила откриваме еден по еден проблем за да дојдеме до суштината. Мора да сме скромни и со нетрпение ја чекам наредната сезона каде сакаме победи – оптимист е австрискиот шеф на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ