Волф: Ланскиот болид направи бура во Мерцедес

Подобрувањата на Мерцедес од минатата година направиле бура во тимот и инженерите размислувале дали да го променат концептот на болидот од минатата сезона.

Џорџ Расел и Луис Хамилтон се квалификуваа на шеста и седма позиција на првата трка во Бахреин, а шефот на тимот изјави дека екипата ќе го промени дизајнот. Ова е одлуката која е донесена од менаџментот, возачите и инженерите по состанокот после трката во Бахреин.

Имавме доста состаноци. Интересно е дека целиот процес направи бура минатата сезона. Болидот стана се подобар, но се постави прашањето да го смениме концептот на болидот. Сега треба да видиме зошто не сме среќни и до каде сме. Немаме доволно потисна сила и механички баланс. Дојдовме до појаснување дека треба да се смени фокусот – вели тото.

Волф додаде дека Мерцедес сега има доказ дека погрешиле и биле грешно наведувани од своите податоци и симулации.

Се обидовме напорно да работиме со податоците и погрешивме. Имаше три најбрзи болиди со различен концепт од нашиот. Дојдовме до заклучок дека погрешивме и Сега знаеме дека не требало да се држиме до концептот по секоја цена бидејќи не функционирал. Не губиме повеќе време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ