Волф: Мерцедес ќе го врати моментумот по тешката трка во Австрија

Тимот има шанса да направи камбек на Големата Награда на Велика Британија по разочарувачкиот викенд во Австрија.

Тото Волф верува дека Мерцедес имаат шанса да се вратат посилни по тешката трка за Големата Награда на Австрија во која беше запрен нивниот моментум.

По охрабрувачкиот почеток со новите надградби на W14 претставени во Монако, Мерцедес беше надвор од темпото во Спилберг, забележувајќи само 11 поени во Спринт настанот и главната Гранд При трка, откако и Ферари и надградениот Мекларен на Ландо Норис се пласираа пред нив.

Седмото и осмото место на трката беше нивниот најлош пласман со два болиди од деветтото и 14тото место минатата сезона во Сингапур, при што Волф верува дека проблемите се специфични за патеката.

се радуваме што се враќаме повторно на трка по тешкиот викенд во Австрија, освоивме неколку поени, но немавме темпо за многу повеќе – објасни Волф.

Гридот зад Ред Бул е неверојатно блиску и исто така флуктуира секој викенд. Дел од ова е специфично за патеката, а дел поради надградбите кај останатите на гридот.

Бевме на погрешната страна од оваа равенка во Спилберг, но имаме шанса веднаш да се вратиме.

Тимот напорно работеше да анализира и извлече поуки од нашиот настап во Австрија.

Го прифативме резултатот и ќе се стремиме да го вратиме моментумот што го изградивме на претходните трки.

Со следните надградби и експерименти кои доаѓаат во Силверстон, постојат причини за оптимизам. Фокусирани сме на работата, извлекувајќи ги перформансите од болидот и ќе видиме каде сме овој викенд.

Големата Награда на Велика Британија е една од најважните трки на сезоната. Атмосферата во Силверстон е уникатна, а поддршката од навивачите е навистина неверојатна.

Тоа е и наша локална трка, патеката е веднаш по патот од фабриките во Брекли и Бриксворт. Има брз и течен распоред на круг кој создава одлични трки, па се надеваме дека ќе можеме добро да се претставиме и да приредиме добро шоу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ