Волф: Мораше да се свестиме и да го смениме концептот

Шефот на Мерцедес, Тото Волф верува дека неговиот тим требало да се освести по слабите перформанси и да направи промена во концептот.

Мерцедес продолжи со концептот на болидот од минатата сезона кој беше неуспешен и конечно реши да го промени од трката во Монако.

Овој викенд во Шпанија тие успеаа да стигнат до втора и трета позиција што според Волф е добар резултат.

Мислам дека ни требаше шок оваа сезона за да се пробудиме и да промениме некои работи. Тоа што не освести не натера да одиме напред. Во такви времиња мора да се работи напорно и мислам дека тимот сработе одлична работа. Среќен сум со сработеното во Бриксворт и Брекли. Некои одлуки се во друга насока и променивме доста делови поради тоа што не ги разбиравме. Беше ризично но успеавме.

Волф предупреди дека Мерцедес го чека уште многу работа за да ги стигне Ред Бул и дека работите може да се променат целосно за нив во Канада.

Мислам дека заостанувањето беше помало бидејќи Хамилтон не притискаше но веројатно ќе беше околу 15 секунди. Но во текот на 66 кругови тоа е многу. Не сме каде што сакаме да сме и мислам дека може да сме поблизу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ