Волф: Мора да останеме скромни

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, даде своја реакција за изненадниот двоен подиум за Мерцедес во Франција. 

Луис Хамилтон и Џорџ Расел профитираа од излетувањето на Шарл Леклер, стартот на Саинз од крајот на гридот и грешката при рестартот под виртуелно безбедносно возило на Серхио Перез. Со ваквиот резултат, Мерцедес се доближија до Ферари на 50 поени. 

Мора да останеме скромни. Нашиот болид во моментов не може да се бори со момците напред. Секогаш сум малку песимист бидејќи мора да сум таков.

Ни недостасуваат шест до седум десетинки. Разликата на трката е стабилизирана, но Макс Верстпен не напредуваше многу бидејќи си ги чуваше гумите.

Ова беше тимски труд и беше одлично. Возачите извозеа одлично. Џорџ беше паметен и брз. Луис лавот е секогаш тука и дава максимум во секој момент од трката – изјави австриецот.

Мерцедес беа слаби на претходните сесии и Волф смета дека имаат уште многу работа. 

Не знаеме што е, но се мачиме да ги донесеме гумите до оптималната температура. На квалификации се обидуваме во вториот или третиот обид, но ни недостасува од почетокот.

Губиме неколку секунди на почетокот на трката додека да се стабилизираме, Но имаме многу работа и многу за размислување.

Во моментов одиме на проба и грешка и мора да импровизираме за да се забрзаме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ