Волф: Мора да разговарам со Валтери

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, признава дека Валтери Ботас не “сјаел“ во ужасната трка за тимот на Шакир во Бахреин.

Откако стана дел од Мерцедес во 2017 година, Ботас не е во можност да прикаже перформанси како тие на Хамилтон, а откако британецот беше отсутен на Шакир поради Корона вирус, тоа беше совршена можност за Ботас да се покаже како тимски лидер.

Квалификациите поминаа доволно добро за Ботас, дури и со предност до само 0.026 секунди пред Расел кој го имаше своето деби во Мерцедес, но сепак не толку убедливо во неговиот лидерски менталитет.

Но, откако Џорџ Расел имаше подобар старт и го претекна Ботас во првиот свиок во своето деби за тимот, алармот во тимот се вклучи. По првите влегувања во бокс, Расел имаше предност од 8 секунди пред Ботас и иако разликата се намалуваше, грешките на Мерцедес во боксот не помогнаа Ботас да има одговор за неговиот тимски колега.

Мора да разговарам со Валтери и неговите механичари, но да, тој не сјаеше во трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ