Волф не е имресиониран од трката во Мајами

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, не е импресиониран од трката во Мајами каде неговите возачи завршија на четврта и шеста позиција

Хамилтон испадна во вториот квалификациски дел додека Расел стартуваше од шеста позиција што беа најлоши квалификации на Мерцедес годинава. На крајот трката ја завршија на релативно високи позиции додека шефот на тимот не можеше да ја објасни разликата во перформанси во текот на викендот.

Приказната за болидот е дека имаме добри сесии во петок, лоши квалификации и солидна трка. Солидната трка не е посакуван резултат, но ни недостасува брзина во кругот. Мора да разбереме зошто ни недостасува брзина – посака австриецот.

Шефот на тимот го пофали возењето на Луис Хамилтон кој успеа да го стигне Леклер при крајот на трката.

Тоа беа одлични перформанси. Стартуваше од 13та позиција и болидот беше тежок за возење. На крајот имаше брзина и го стигна Ферари.

Астон Мартин имаше еден возач во поени, додека Ферари се мачеше за брзина поради што Мерцедес доби најмногу поени кај конструкторите. Ендру Шовлин, главниот инженер, вети дека тимот ќе работи да ги поправи перформансите за квлаификации.

Може да сме задоволни со резултатите со оглед на квалификациите. Нашите квалификациски перформанси покажаа дека сме далеку од подиум, Но сепак успеавме да престасаме со добра тимска игра и освоивме максимални поени.

Имавме достоен ден и блиска борба со Астон Мартин и Ферари, Но не сме доволно брзи и мора да разбереме како да се подобриме на квалификации.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ