Волф: Не сакам да го видам Маси

Тото Волф е толку бесен на довчерашниот директор за трка во Формула 1, Мајкл Маси по контроверзиите од пред повеќе од три месеци, што изјави дека не сака никогаш повеќе да го види и да разговара со австралијанецот.

Се чини дека австрискиот шеф на Мерцедес не сака да го заборави ланското Абу Даби и покрај тоа што ФИА најави огромни промени на страна на контролата и судењето на трката, а прв чекор беше отстранувањето на Маси. Зборувајќи за документарецот на Скај Спортс Ф1 наречен Дуел, а кој се однесува на ланската борба за титула помеѓу Макс и Луис, тој го опиша односот на спортскиот шеф на Ред Бул, Џонатан Витли и Мајк Маси како романтичен.

тој го врти околу малиот прст мајкл маси, директорот за трка, но не само во абу даби туку и претходно и веројатно макс верстапен му должи на витли премногу – смета тото.

Шефот на Мерцедес призна дека сака да продолжи понатаму и да го остави тоа што се случи лани зад себе:

не сум го видел и не сум разговрал со мајкл, но не ни сакам да го видам и да моабетам со него никогаш повеќе. неговите одлуки беа погрешни и јас сум сигрен дека и самиот е свесен и жали поради тоа. фиа требаше многу порано да предвиди дека има проблем со структурата и личностите кои се поставени.

Тој искористи фудбалски жаргон за да објасни што се случувало на Јас Марина:

како на фудбалски натпревар кога е 1-0 за една екипа и оеденаш судијата вели дека ќе се игра на златен гол и кој даде прв гол победува. патем, нашиот тим требаше покрај тоа да игра без копачки.

жал ми е за макс, тој ја доби титулата, не ја освои, но сите зборуваат само за абу даби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ