Волф: Никој тим нема да стигне до осум титули

Тото Волф изјави дека со лимитираниот буџет и рестрикциите за воздушниот тунел нема да дозволат доминација на само еден тим.

Мерцедес освои осум титули од 2014 до 2021 година но со новите правила за буџетите и рестрикциите за воздушните тунели тешко дека некој тим ќе може да ја повтори доминацијата на Мерцедес.

Мислам дека треба добро да се изигра. Ги знаеме конкурентите кои се и знаеме дека со ограничувањата тешко дека ќе може некој да доминира. Нема да е лесно со новите правила.

Поради успехот на Мерцедес тие имаа намалено време во воздушен тунел и затоа паднаа од доминантната позиција. Тие оваа година завршија на трета позиција со што имаат 80% од алоцираното време. Вториот Ферари има 75 додека Ред Бул имаат 63%.

Мислам дека е потешко бидејќи не може да се инвестира многу за да си побрз. Но и аеродинамичките правила се така дизајнирани и со казната која ја имаат ќе имаат помалку време во тунел. Видовме дека тоа може да направи голема разлика. Тоа е причината зошто конкуренцијата е потесна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ