Волф откри нови детали околу надградбата за Имола

Тото Волф откри какви надградби ќе воведе Мерцедес како дел од нивното значајно ажурирање за Големата Награда на Емилија Ромања на Имола подоцна овој месец.

Од почетокот на 2023 година, Мерцедес ги полагаат своите надежи на Имола како пресвртница за нивната сезона. “Сребрените“ се мачеа за темпо во првите пет трки од сезоната, постигнувајќи само еден подиум. Тие, исто така, беа победени од Астон Мартин, кој користи нивни мотори, а задниот дел од нивниот болид е исто така купен од тимот со седиште во Брекли.

По трката во Мајами, Луис Хамилтон и Џорџ Расел го ограничија веројатното влијание на надградбата на Имола, додека Волф негира дека тоа би бил сребрен куршум, тој е убеден дека тоа ќе му даде на Мерцедес подобар долгорочен потенцијал за развој.

Треба да ги менаџираме нашите сопствени очекувања, бидејќи носиме пакет за ажурирање што ќе се состои од нови делови за суспензија, каросерија и некои други работи – откри тој.

Но, никогаш во моите 15 години во Формула 1 не сум видел да биде претставен сребрен куршум, каде што одеднаш отклучувате половина секунда од перформансите. Значи, многу се сомневам дека ова ќе се случи овде.

Но, она што го очекувам е да отстраниме одредени променливи од табелата, каде што веруваме дека можевме да воведеме нешто што не го разбираме во болидот.

Се надевам дека можеме да одиме повеќе на стабилна платформа, а потоа треба да видиме каде е основната линија и што можеме да направиме од таму.

Волф ја опиша претстојната надградба како голема активност, а Мерцедес се подготвени да направат низа промени за да го најдат решението за W14.

Мислам дека бркаме потисна сила и се обидуваме да ја завршиме најдобрата можна работа во однос на механичката платформа.

Она што го правиме е што воведуваме нова каросерија, воведуваме нов под и правиме нова предна суспензија и тоа е прилично големо, Ќе бара многу тестирање во виртуелниот свет.

Затоа, надградбата што ја носиме ќе ни помогне да ја поставиме насоката и да ги разбереме различните области за кои веруваме дека може да играат улога во тоа зошто болидот е многу лош за возење.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ