Волф повторно му ветува тест на Гросжан

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека ветениот тест на Роман Гросжан ќе се случи, но сепак ќе биде одложен на некое време. 

По катастрофалниот судар на трката во Бахреин во 2020 година додека возеше за Хаас, Мерцедес му ветија на французинот тест за заминување од Формула 1 бидејќи тој не успеа да ја заврши сезоната поради несреќата. Планот беше тоа да се случи на трката во Франција следната година, но поради пандемијата, тоа не се случи. Французинот и годинава се трка во Индикар, а Формула 1 има строги правила за тестирање во текот на сезоната. 

Неодамна Гросжан ја покажа својата кацига која е подготвена за тестот.  Волф е сигурен дека тестот ќе се случи иако не кажа кога. 

Тестот сигурно ќе се случи. Ние тоа го ветивме. Сигурно ќе се случи бидејќи дадов збор – повтори австриецот волф.

Гросжан разменил неколку пораки со Тото минатата сезона на кои му било ветено дека оваа сезона ќе биде во болидот. Французинот сеуште верува во тоа иако веќе не е подговен за Формула 1 поради големите физички барања во болидот и мускулите на вратот кои се потребни и страдаат во свиоците. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ