Волф: Правилата мора да се носат многу внимателно

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, посочи дека шефовите на Формула 1 мора многу внимателно да ги носат и обмислуваат новите правила, тоа да се прави со хируршка прецизност, а не насилнички како со бејзбол палка.

Во последно време е актуелен форматот на тркачкиот викенд откако Стефано Доменикали најави дека размислува за отстранување на петочните тренинг сесии. Следуваа многу полемики и околу распоредот на викендот за време на спринт трките и некорисната утринска сесија во Сабота.

Тото посочи дека акцент секако дека треба да се стави на популарноста која е во раст, но смета и дека треба да се задржи традиционалниот формат.

мислам дека сите имаме иста цел, а тоа е спортот д продолжи да се развива и публиката да станува се поголема. мораме да најдеме оптимум што е најдобриот принцип и најдоброто решение. јас сум повеќе конзервативен, ги сакам квалификациите и традиционалните гранд пр трки во недела, таква програма е одлична.

но, во исто време мораме да бидеме отворени во однос на тоа каде оди спортот и фактот дека некои од спринтовите беа фантастични. што и да одличи стефано е добро и мислам дека ќе ги имаме на располагање сите податоци во однос на тоа што е добро за публиката, што е добро за тркачакта и што можеме да прилагодиме, но сето тоа мора да се направи хируршки прецизно – објасни австриецот.

За време на Австралиското Гранд При се одржаа низа состаноци околу спринт форматат и воведување на две квалификациски сесии, една за спринтот, една за Гранд При трката. Со оглед на тоа што имаше четири седмици помеѓу трката во Мелбурн и онаа во Баку каде ќе има спринт, правилата мораа да се донесат многу брзо.

две квалификациски сесии за време на еден тркачки викенд не мора да биде лоша работа. ако го задржиме актуелниот формат, мислам дека нема да бидеме во можност да го одработиме поради ограничените километри кои моторите ги имаат на располагање, но и поради гумите на пирели кои не се доволно добри. тие две работи мора добро д асе обмислат и решат. на квалификациите имаме помалку можности за судар, но со две трки тоа е драстично поголем ризик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ