Волф: Тешко е да се преправи болидот со ограничен буџет

Тото Волф даде детали колку е мачен процесот за Мерцедес да го среди болидот под лимитиран буџет. 

Мерцедес и оваа година заостанува, но тимот донесе одлука да го промени болидот. На Имола тие планираат да донесат нов под и аеродинамички пакет заедно со редизајн на суспензијата. Буџетот на тимовите е ограничен на 135 милиони долари и оваа сезона има многу повеќе трки заедно со инфлација која ги отежнува работите. 

Лимитираниот буџет носи последици. ВО минатото не знаевме колку ќе не чини суспензијата, но сега мора да се види и цената на алуминиумот и изработката заедно со штрафовите и карбонот кој ќе се искористи. Колку енегрија ќе се искористи при правењето и слично. Тоа е многу комплициран процес и мора на се да се внимава. Процесот е тежок и болен – искрен е шефот на мерцедес.

Волф призна дека Мерцедес сакаат целосно нова шасија, но сепак тоа не е можно во ситуацијата. 

Повеќе сме заглавени сега, но доколку беше слободно, ќе имавме нова шасија. Мора да внимаваме што ќе надградиме.

Сега носиме повеќе делови на Имола. Доколку беше слободно ќе имаше двојно повеќе, но лимитот е важен за Ф1 и јас го поддржувам. Доколку сакаме спортот да е одржлив, мора да се адаптираме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ