Волф: Ф1 мора да го задржи кредибилитетот со спринтот

Тото Волф од Мерцедес ја повика Формула 1 да го задржи кредибилитетот на спортот со одлуката за викенд форматот во иднина. 

Минатиот месец во Баку беше одржан првиот спринт викенд, но со промени за прв пат од 2021 година. Имаше две квалификациски сесии, една спринт трка и главна трка. Возачите мораа да се подготват по само една сесија во петок пред да почнат со квалификациите за главната трка истиот ден. 

Волф смета дека Формула 1 многу научила од спринтот и го подржува спортот да најде баланс меѓу забавата и кредибилитетот. 

Мислам дека сеуште учат за спринт трките и викендите и се во експериментална фаза. Нешто работи нешто не, Но се работи со Либерти и Стефано да се донесе одлука.

Јас сум поконзервативен, Сакам нормални квалификации во сабота и трка во недела, Но спортот мора да е развива, но во вистинска насока. Се додека се следат целите може да се обезбеди забава и да се задржи кредибилитетот – смета австрискиот шеф на мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ