Волф: Хамилтон оди во напад

Луис Хамилтон го прекина својот молк и непојавување ов јавност на промоцијата на Мерцедес, а неговиот шеф, Тото Волф, откри дека возачот е во мод за напад.

По контроверзното финале од сезоната во Абу Даби лани, седумкратниот првак загуби победа и титула во последниот круг од трката, по што на маса беа ставени правилата за безбедносно возило. Иако Волф најави можно повлекување на британецот од Формула 1, при промоцијата на болидот Луис најави дека не ни размислувал за повлекување, туку му требало мир.

тоа што го направи беше целосно исправно, да се изолира самиот со формула 1 целосно настрана. се врати со одлично расположение, позитивен е и решен, ќе биде само посилен и мислам дека е целосно насочен во мод за напад – посочи волф.

Тој откри дека неговиот став во моментов е сличен како со оној кој го имал на Бразилското Гранд При кога беше феноменален и победи откако беше дисквалификуван од квалификациите.

дисквалификацијата во бразил го стави во ситуација каде неговата решителност да се докаже беше пртетерано голема. одтога немаше назад, создаде ситуација во која беше решен да напредува, да оди напред и да победи, немаше ништо друго и ја уништи конкуренцијата целосно.

поразот секогаш го правел посилен и порешителен, таков е неговиот став и сега, целосно е посветен да успее со тимот.

Иако и самиот изрази доза на несигурност во враќањето на Хамилтон на гридот, Волф сега ја смени изјавата велеји дека никогаш не се сомневал во него.

никогаш не бев загрижен дека може да замине. во тимот знаевме дека му е потребно време самиот да размисли за работите особено за тоа кога е најдобро да се врати, така што од наша страна бевме мирни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ