Волф ја објасни својата радио порака до Ботас

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, ретко се јавува преку тимско радио до своите возачи, но направи исклучок за време на Големата награда на Португалија кога го мотивираше Валтери Ботас.

Тото го охрабри финецот откривајќи му дека е најбрз на патеката и дека треба да се обиде и да го стигне Макс Верстапен. За него тоа е невообичаено иако призна дека уживал што директно се вклучил во трката.

разговаравме за тоа, за мое вклучување преку радио во трката. уживав затоа што јс сум страаствен во врска со тркањето и мислам дека беше одлично што во живо му се обратив на валтери – откри тото.

И покрај позитивната намера на тимскиот шеф, Ботас се мачеше да се доближи до својот конкурент, така што Тото на шега изјави дека можеби е подобро во иднина да не кажува ништо.

всушност, мојата мотивација не вроди со плод овој пат, така што можеби ќе молчам во иднина или барем ќе разговарам со него претходно.

Во врска со потребата за поддршка кон Ботас, Волф изјави дека самата трка во Португалија по силниот судар на Имола, покажува олку е ментално силен финскиот возач.

тој е ментално многу силен, видете како се врати во игра по сударот пред две недели. го стигнуваше верстапен во португалија, буквално го ловеше од позадина. но, кога му се јавив преку радиото, некако олабави, можеби јас погрешив.

се на се, мислам дека многупати мојата поддршка работеше одлично за валтери и на тој начин ќе продолжиме да го притикаме и поддржуваме. ќе видиме за што е способен во барселона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ