Волф ја сподели главната цел од надградбите за Имола

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, верува дека новите надградби ќе им овозможат подобро да ја разберат тешката ситуација за поставување на болидот W14.

Тото Волф ги наведе главните цели на пакетот за надградба на Мерцедес што ќе дојде на претсојната трка во Имола. Мерцедес имаште проблематичен почеток на сезоната со W14 болидот, бидејќи тимот се мачеа со поставувањето на концептот на нивниот болид.

За Имола, тимот ќе донесе ажуриран пакет што Волф веќе го нарече голема промена со цел да откријат зошто нивниот болид е премногу сложен кога станува збор за поставување. Тимскиот шеф на Мерцедес сподели што тој пакет за надградба ќе постигне за тимот.

Мислам дека она што се обидуваме да го направиме со надградбата е да создадеме нова основна линија за да ги извадиме прашалниците и променливите од равенката и да кажеме дека не е повеќе проблем кога имаме различни спецификации. А тоа е на пример, предната суспензија.

Ние исто така разгледуваме решенија за каросеријата кои се поконвенционални од другите, што ќе создадат различен проток на воздух. Тоа е речиси како ресетирање на она што би било добар почеток пред 12 месеци, а потоа да се обидеме да додадеме перформанси на болидот. Но, во моментов тоа е само недостаток на разбирање – посочи австриецот.

Волф верува дека е важно да се подобри предвидливоста на W14 за двајцата возачи, наместо да се фокусираат на една специфична област што може да донесе маргинални придобивки.

Не верувам во чуда, Но мислам дека стабилноста на болидот и предвидливоста за возачите е подеднакво важно.

Ако верувате дека ќе го решите тоа, потпомогнато од редизајнот на предната суспензија, тогаш тоа е дефинитивно добра насока и ова може да биде повеќе од една десетина или две во круг, но аеродинамичниот пакет носи повеќе од едноставно отклучување на поголемо темпо.

Мерцедес беа претпазливи околу преголемиот оптимизам за тоа што може да се постигне на краток рок, но Волф повторува дека не очекува ова да ги отклучи скриените перформанси.

Ниту еден друг болид не може веднаш да се движи напред, Но ние знаеме што сакаме да испорачаме во однос на аеродинамичните перформанси, а се надеваме и подобро однесување на болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ