Волф: Ја утнавме стратегијата

Тото Волф жали за одлуката на Мерцедес да ги стави своите возачи на хард гуми откако претходно возеа на медиум.

Со влегувањето на Перез во боксот, се зголемил притисокот врз Мерцедес и морало да го покријат за да го зачуваат местото на Хамилтон на подиум. Иако тие очекуваа Ред Бул при крајот на трката да влезе уште еднаш да менува, сепак тоа не се случи.

Бевме под притисок да го повлечеме Хамилтон. Не очекувавме дека медиум ќе издржи до крајот. Изненадувачки беше како Перез се држеше, а ние промашивме. Дискутиравме за софт и хард комбинација, но не ни изледаше добра како и софт и медиум – смета австрискиот шеф на тимот.

Иако многу возачи се одлучија за хард во вториот дел на трката, Даниел Рикардо покажа дека и софт е одлична гума за трка. Мерцедес размислувале за старт на софт, но нивните возачи немале нов сет за користење.

Знаевме дека софт се добри, но немавме нови такви гуми. Губевме време на медиум неколку кругови и после сакавме да пробаме 30 кругови на софт, Но не можевме тоа да го направиме. Сепак се виде дек е изводливо со Рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ