Волф ќе предава на Харвард школата за бизнис

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, ја продолжи соработката со Харвард школата за бизнис како надворешен предавач. 

Австриецот ќе предава курс на студентите од првата и втората година под наслов “Мерцедес Ф1: Водење на тим“. Курсот ќе започне во јануари 2024 година и е ретка можност да се слушне за работата на Волф како шеф на тимот од Брекли. Тој ќе предава покрај професорот Анита Елберсе со кој соработуваат во последните години. 

Холанѓанката Елберсе го следеше Волф и тимот минатата година и го проучуваше начинот на кој работат и напиша студија “Тото Волф и Мерцедес Ф1 тимот“ и претходно го повикуваше Волф во универзитетскиот кампус во Масачусес.  Оваа улога која ја добива Волф се дава на луѓе од различни области кои сакаат да предаваат во своето слободно време. 

Навистина сум почестен што имам привилегија да предавам на младите во Харвард. Инспириран сум од младите студенти и нивната љубопитност и амбиција – изјави Волф. 

Елберсе додаде:

Со нетрпение го очекувам Тото во кампусот. Видов во прво лице како нашите студенти имаат бенефит што учат од искуството на Тото и неговото знаење за раководење на успешен спортски тим. Со Тото покрај нас, сигурна сум дека ќе помогнеме во развојот на идните лидери. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ