Воулс: В14 може да биде многу силен на некои патеки

Џејмс Воулс, поранешниот прв стратег во Мерцедес кој е моментален шеф на Вилијамс, смета дека болидот на Мерцедес В14 може да биде силен на некои патеки оваа сезона. 

Германците имаа повторно тежок почеток на сезоната и не може да се борат со Ред Бул кој е далеку пред сите други. Тимот направи голема анализа во која сфатил дека имал погрешен концепт и веќе нема да губи време да го поправи тоа и да оди напред. 

Воулс, кој работеше за Мерцедес до стартот на оваа година, не гледа причина зошто Ред Бул нема да доминира оваа сезона. 

Ред Бул без сомнение ќе доминираат. Мислам дека Ферари ќе бидат поблизу на патеки како Силверстон или Барселона, но и Мерцедес може да биде силен. сепак, Ред Бул се најбрзи. 

Иако доминацијата на Ред Бул на првата трка ги стави во посебна лига, Воулс смета дека ситуацијата може брзо да се промени поради казната на Ред Бул за надминатиот буџет. 

Сеуште им недостасува време во воздушен тунел. Не е големо, но доволно е да се направи баланс. Има и правила кои се пренесуваат во новата сезона и може работите да се приближат, Но мислам дека ќе доминираат и ќе биде здодевно.

Би сакал да има интересни моменти во текот на годината, Но во последните години има доминации и тоа се случува од две причини, прва е доколку не се инвестира правилно и втора е да се донесат погрешни одлуки.

Доколку си брз, не менуваш ништо, ривалите менуваат. Како резултат на тоа, твоите ривали ќе се обидуваат да те стигнат и видовте колку време им требаше кога Мерцедес доминираше. Ред Бул направија одличен болид и тие се целта сега. 

Иако Мерцедес и Ферари сега ги чека тешка сезона, Воулс смета дека нема доказ дека тимовите се откажале уште на почетокот. 

Немам сомнение дека Мерцедес и Ферари минатата недела работеле за да напредуваат. Нема откажување. Одиме напред и работиме напорно. Мотивацијата не тера да одиме напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ