Во Алпин сакаат повеќе тимови

Извршниот директор на Алпин, Марcин Будковски, смета дека има потреба од повеќе тимови на гридот наместо да се поддржи идејата на Тото Волф и да се додаде уште еден возач во секој тим. 

Шефот на Мерцедес ја промовираше идејата за три возачи во тимот од кои едно место ќе биде за млад возач. На гридот има 10 тимови, но во јуниорските категории има многу возачи кои се борат за место во Формула 1 и тимовите инвестираат многу во нив. 

Според Конкорд договорот, секој нов тим кој се приклучува на Формула 1 треба да плати 200 милиони долари. Будковски не сака да го анализира ова правило, но сепак верува дека спортот треба да го пришири гридот. 

Добро е да имаме повеќе тимови во Формула 1. Треба да им посакаме добредојде, Но потребни се вистински тимови кои ќе додадат вредност на спортот и мислам дека поради тоа беше донесено правилото за плаќање за влез бидејќи ова е скап спорт.

Според договорот, мора да се осигураме дека колачот нема да биде поделен на повеќе парчиња од договореното. Тоа е превентивна мерка, А дали треба да ја има, ќе го прашате Стефано.

Мислам дека е потребно различност во спортот и повеќе возачи. Не знам дали би било добро да има повеќе возачи во тим како во минатотот – анализира полјакот.

Лорен Мекиес од Ферари не е убеден дека повеќе болиди по екипа е правилен одговор за младите возачи. Наместо тоа, тој сака повеќе тестирања за младите таленти да бидат забележани.

Мислам дека Марсин има добра забелешка. Фокусот треба да е на младите возачи. Ги имаме најдобрите возачи на гридот, но мора да се најде начин да им се даде шанса на младите возачи. Не знам дали е добро да имаме топ 22 или 26, важно е да не пропуштиме некој талент. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ