Во Мерцедес сметаат дека Норис ќе го минел Расел да имало уште еден круг

Во Мерцедес веруваат дека Ландо Норис би го престигнал нивниот возач Џорџ Расел со само уште еден круг на Големата Награда на Монако.

Поради долго доцнење, трката за Големата Награда на Монако започна еден час по закажаното време за почеток, што имаше ефект на нејзиниот крај. Откако беше достигнато временското ограничување од три часа, трката заврши по само 64 круга од првично планираните 78 и се чини дека еден човек кој ја почувствува лошата страна на тоа повеќе од било кој друг беше Ландо Норис.

Откако доцнеше во бокс за комплет свежи медиум гуми, возачот на Мекларен го бркаше Расел за петто место и заврши под три десетинки зад својот британски сонародник. Сепак Мерцедес велат дека стратегијата на Мекларен била толку ефикасна што да имало само еден круг повеќе, Норис веројатно ќе го престигнел Расел.

Уште еден круг и Ландо ќе го претекнеше. Не можете да се борите со некој кој е побрз четири секунди во круг – велат од Мерцедес, како што е соопштено од Auto Motor und Sport, за Норис кој надополни 30,9 секунди на Расел во последните 13 круга.

Актуелните конструкторски шампиони признаа дека направиле грешка што не го внеле Расел во бокс, но се коцкале дека ќе има судар кај водечките.

Претпоставувавме дека може да дојде до судир во битката за водство. Не можевме да замислиме дека гумите на Серхио Перез ќе издржат. Не сакавме да ја испуштиме шансата. Во ретроспектива, грешка. Требаше да влеземе во бокс.

Да застаневме, Леклер ќе имаше прозор за дополнително запирање, а потоа и Верстапен. Можеби ќе се предомислеа затоа што можеше да наиде на андеркат од Леклер.

Крајот на трката во секој случај ќе беше луд. Ќе имаше тројца возачи со многу подобри гуми од Перез, Саинз и можеби Верстапен.

Тоа беше фрустрирачки ден за другиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој се најде заглавен зад двајцата возачи на Алпин на различни точки од трката. Од Мерцедес велат дека доколку успеал да го претекне Естебан Окон, откако тој влезе во бокс за интермедиа, тогаш Хамилтон ќе можел да ја намали разликата со оние пред него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ