Гасли е импресиониран од напредокот на Верстапен

Пјер Гасли го пофали својот поранешен колега, Макс Верстапен и тимот на Ред Бул за неверојатниот пакет кој го имаат подготвено. 

Гасли помина половина сезона покрај Верастпен во Ред Бул во 2019 година пред да биде вратен во Торо Росо.

Се тркам со Макс веќе 15 години и уште од почетокот беше доста тензично да се тркаш со него. Тоа го сакав уште од тогаш, интензивноста на борбите и тој има преголем талент. МИслам дека искуството во комбинација со болидот од Ред Бул е нешто неверојатно – посочи французинот.

Верстапен дебитираше во Торо Росо во 2015 година на само 17 години и покажа неверојатен талент и брзо се најде во Ред Бул. Гасли смета дека заедно со тимот прераснале во една целина. 

Тој беше доста агресивен на почетокот и учеше од грешките за да стане уште поконкурентен. Мислам дека го покажа својот потенцијал.

сега прави малку грешки и испорачува максимум. Импресивно е да се тркаш против него и секогаш е забавно бидејќи има доста интересни борби. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ