Гасли е лут на тимот поради трката

Пјер Гасли го критикуваше тимот поради тоа што непотребно ризикувал со тоа што го ставил на гуми за суво прерано.

Французинот имаше добар старт и беше на седма позиција кога беше повикан да менува гуми во 32от круг. АлфаТаури ризикуваа со гумите и покрај тоа што Расел имаше доста проблеми и заостануваше зад другите откако прв промени од интермедиа на мазни пневматици.

Иронично е што четири кругови подоцна неговиот колега Тсунода се удри и со тоа повеќето возачи имаа менување без да загубат време.

Да бидам фер, не се заврши добра работа. Бевме зад двата Астона и ја фрливме трката во вода. Немаше никаква комуникација, само непотребен ризик.

Влегов во бокс кога сите беа на патеката и четири болиди ме престигнаа. Секако ова е разочарувачки за целиот тим и за сите нас бидејќи загубивме две места во генералниот пласман.

Рикардо беше зад нас и заврши на петта позиција. Тоа се важни девет поени кои ги загубивме. Имавме шанса каква што немавме на изминатите 17 трки. Беше фрустрирачки, но дававме се од себе и направивме грешка – свесен е французинот.

Џоди Егинтон од АлфаТаури изјави дека тимот сепак порано решил да менува и погрешил. Тоа не само што ги чинело позиции туку и загубен болид.

По напорната работа, штета е што не завршивме во поени. Тоа не чинеше добра позиција и болид кој не ја заврши трката. Како тим мора да анализираме што се случило. Испуштивме одлична шанса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ