Гросжан: Хамилтон не би освоил ниту поен во болидот на Хаас

Роман Гросжан тврди дека Луис Хамилтон никогаш не би бил во можност да се бори за поени доколку возел со минатогодишниот болид на Хаас.

Хамилтон, сега седумкратен светски Формула 1 шампион, често пати бил предмет на коментари дека главната причина за неговиот успех е болидот што го вози, а не неговата способност. Тоа е дебата што секако не е нова во Формула 1, но се засили уште повеќе кога Џорџ Расел го замени својот болид на Вилијамс со W11 во отсуство на Хамилтон на Големата Награда на Шакир лани и прикажа феноменални перформанси.

Тој изгледаше добро на патеката, водеше во истата, но грешка во боксот и потоа подоцнежната пукнатина на пневматикот ги уништи неговите шанси, но сепак успеа да го врати назад до деветто место. Таа изведба на многумина им докажа дека самиот болид прави голем дел од работата, а Гросжан се согласува со тоа гледиште.

Хамилтон никогаш немаше да може да се бори за поени во минатогодишниот болид на Хаас. Многу зависи од болидот што го возите и Тоа го отежнува споредувањето на возачите едни со други.

Леклер, на пример, според мое мислење, возеше добра сезона и во 2020 година, но бидејќи неговиот болид не беше доволно добар, не излезе баш добро. Расел е можеби најјасниот пример што докажува дека болидот на крајот ја прави разликата – заклучи францускиот пилот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ