Де ла Роса знаел дека Хамилтон ќе биде “проблем“

На Луис Хамилтон му биле потребни само две возења на неговиот деби тест во Формула 1 на патеката Силверстон за да им покаже на ривалите дека ќе биде “голем проблем“, открива поранешниот негов тимски колега, Педро де ла Роса.

Британецот доби прво возење на официјален тест за Мекларен во Септември 2006 година, само неколку дена откако ја освои титулата во ГП2 серијата. Во тоа време, возачот на Мекларен, Педро де ла Роса, се надевал дека ќе ја продолжи кариерата во 2007 година и возеше на тестот покрај Хамилтон.

Гледајќи сега на тие настани, де ла Роса вели дека неговото мислење за Хамилтон се променило целосно по второто возење на сега веќе шесткратниот шампион.

Тогаш се промени моето мислење. Имавме два болида, тестиравме, а тоа беше негово прво искуство во Формула 1. Извозе еднаш, но не покажа ништо. Гледав кон податоците. Инженерот ми спомна: Дечково ќе мора да се подобри многу низ годините, долг е патот за Луис, но ќе биде добар, само мора да му дадеме време, бла, бла.

Јас си помислив, да, да, да. Извозев, се вратив, ги погледнав времињата и видов дека Луис е побрз. Побрз во второто возење. Ги погледнав податоците и си помислив “Што се случи?“ Добил нов сет на пневматици. Потоа ги погледнав податоците од Копс, Бекетс, Маготс … тогаш сфатив кој е неговиот потенцијал. Сфатив дека имаме голем проблем – се присетува де ла роса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ