Де ла Роса предупредува: Не го отпишувајте Ферари

Иако времињата од предсезонските тестови покажуваат дека Скудерија Ферари заостанува во однос на Мерцедес и на Ред Бул, поранешниот возач, Педро де ла Роса, смета дека италијанците не смее да се отпишуваат.

Ферари во пресрет на зимските тестови најавија дека тестирањето на СФ1000 ќе има друг пристап за разлика од лани кога доминираа во Барселона, така што полека го развиваа и разбираа болидот, не наоѓајќи се секогаш во горниот дел од табелата според постигнатите времиња.

сезоната воопшто не е типична од самиот старт, без публика, но мислам дека за сите спортови годинава ќе биде многу, многу возбудлива. не чекаат одлични работи, но да почнеме прво.

мерцедес ќе бидат многу силни, ред бул посилни од било кога, но иако ферари иаа проблеми, имаа многу време да работат и да ги решат и поради тоа не смее да ги отпишеме од ништо – вели де ла роса.

Сезоната почнува со двојна програма на авистрски Ред Бул Ринг, патека на која последните две години победува Макс Верстапен. Холанѓанецот имаше второ време на предсезонските тестови поради што е голем фаворит.

тешко е да се предвиди затоа што поминаа четири месеци мирување. иако фабриките беа задолжително затворени 73 денов, екипите работеа од дома, така што болидите сум сигурен дека ќе бидат многу различни – најави тој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ