Ди Реста смета дека веќе е предоцна за Албон

Пол ди Реста, поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор на британски Sky Sports F1,смета дека е веќе предоцна за Александер Албон да си го спаси своето место во Ред Бул.

Британецот со тајландско потекло е честа тема во падокот откако не успеа да ги исполни очекувањта на тимот и редовно е многу далеку од перформансите на Макс Верстапен кој е единствен кој колку-толку им парира на Мерцедес.

Ред Бул редовно го поддржува Албон велејќи дека нема да се откаже од него, но се чини дека следната година Алекс нема да вози за силниот тим од Милтон Кинс. На претходниот трка во Португалја, тој беше минат за вел круг од својот колега.

им треба силна личност и мислам дека последните неколку возачи кои ги донеоа и у ги спротиставија на макс не се покажаа добро, не се работеше само за чиста брзина.

не гледам начин за албон да остане во тимот, да бидам искрен дури и ако биде добар во останатиот дел од сезоната, мислам дека е веќе предоцна. му треба борбеност му треба воинствен разговор преку радиото, но тоа го нема – објасни ди реста.

Шкотланѓанецот откри дека доколку би бимал избор помеѓу Нико Хулкенберг и Серхио Перез, тој би го одбрал мексиканецот.

ако јса требаше да бирам, би го земал перез во ммоментов затоа што е во врвна форма и маркетибилен на различни пазари во однос на ред бул. сигурно постои некаква причина што хулкенберг повеќе не е во формула 1 оваа година, а тоа веројатно е недостаток од подиуми. перез има подиуми и мислам дека е подготвен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ