Доменикали нервозен околу претерано трошење

Стефано Доменикали, шефот на Ф1, призна дека е нервозен во врска со евентуално ново пречекорување на ограничениот буџет, нешто што предизвика контроверзија со престапот на Ред Бул лани.

Ревизијата на финансиите лани донесе до заклучок дека екипата од Милтон Кинс потрошил повеќе од максимално доволените 145 милиони долари и поради тоа беа казнети со 7 милиони долари парична казна и 10% намалено време за тестирање.

На почетокот на годинава во една своја изјава, Кристијан Хорнер не исклучи можност за случен престап и оваа година поради сложените сметководствени политики и правила за ограничено трошење.

никогаш не може да бидете 100% сигурни особено ако ги земам во предвид аспектите кои донесоа престап кај нас во 2021 година. убедени сме дека немавме потрошено над дозволеното, но единствено сигурни ќе бидеме кога ќе го добиеме сертификатот за тоа во раце – објасни хорнер.

Многумина сметаат дека казната за тимот од Милтон Кинс е преблага, а очекувањата се дкеа следниот кој ќе претера со трошење да добие подрастичен пнеал.

јас сум повеќе од нервозен. работа на фиа е да се осигура преку проверки дека сите работат согласно финансиските правила и да додели сертификати на тоа, така што не смееме да си дозволиме повеќе некоја екипа да ги прекршува финансиските правила – објасни доменикали за Sky Italia.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ