Еди Џордан до Волф: Биди маж, прифати ги критиките

Еди Џордан ги отфрлa сите сугестии дека Тото Волф и Мерцедес покажале слаб менаџмент.

Поранешниот тимски шеф и газда на екипа на Формула 1, го повикува Тото Волф да ги прифати критиките по тешкиот почеток на Мерцедес во новата сезона. Германскиот производител “падна“ од врвот на табелата минатата сезона и додека победата на Големата Награда на Бразил на крајот од сезоната обезбеди оптимизам за обновување на ривалството со Ред Бул оваа година, В14 не ги оправда очекувањата.

Луис Хамилтон успеа да обезбеди второ место на Австралиското Гранд При и го освои првиот подиум на Мерцедес во сезоната, но сепак, разликата што ги дели “сребрените стрели“ и Ред Бул бара пронаоѓање на решенија за проблемите.

Тимскиот шеф Волф беше искрен во критиките за В14 на отворањето на сезоната за Големата Награда на Бахреин, што беше поддржано од Хамилтон, нешто со што Џордан не се согласува. Осврнувајќи се на коментарот направен за време на телевизиското покривање на Големата Награда на Абу Даби во 2016 година, во кој тој сугерираше дека Мерцедес има слаб менаџмент, Џордан изјави за подкастот на Формула 1:

Сакам да го задевам Тото. Го сакам тоа затоа што тој едноставно го прифаќа И треба да ми каже да се изгубам понекогаш и тоа може да помогне, но јас повторно би го направил тоа.

Мислам дека Тото е навистина добар додаток на Формула 1. Мислам дека има огромни квалитети, Но јас го критикував кога тој беше критичен кон неговите дизајнери и инженери, на што би рекол дека треба добро да се размисли пред да се споделат тие критики.

Џордан продолжи во повеќе детали да ја коментира ситуацијата на Волф.

Кога бев шеф на Џордан, ако болидот беше добар, ги примив сите признанија и секако, ако болидот беше лош, се обидувате да обвините некој друг.

Но, всушност, треба да застанете и да го прифатите тоа. Мора да бидете маж. Тоа се случи под негов надзор, Тој е извршен директор на тимот и мојата порака до Тото беше дека многу би сакал тој да застане и да каже “Ние во Мерцедес сме тим, секогаш ќе бидеме тим и погрешивме“.

Дали сè уште мислам дека е слаб? Не, не мислам дека е слаб, Но тој сигурно се снаоѓа поинаку од тоа како јас би се снашол – додаде Џордан.

Бев немилосрден и ако имаше проблеми, или критика, ја прифаќав, или сакав да ја прифатам затоа што секогаш сакав да ги заштитам другите луѓе кои можеби не беа толку умешни во избегнување критики, како што можев јас.

Додека мислам дека Тото е на истата позиција, Тој треба да им каже на овие луѓе да ги остават на мира и во оваа фаза од неговиот живот, тој знае како да го направи тоа.

Но, тоа не е форма на слабост. Тоа е само различен стил на управување и имам огромна почит. погледнете, овој човек освои многу повеќе од она што јас некогаш сум го освоил, па како би можел да бидам критичен кон него?

Но, би сакал да му овозможи малку подобар болид на тој тим. Тото знае дека сме очајни за силен Мерцедес. Ни треба некој да ги притисне Ред Бул и во моментов, не гледам дека тоа може да се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ