Заубер ќе чека до Белгија за посилен мотор

 

Екипата на Заубер, која е снабдувана со мотори од страна на Ферари, ќе треба да чека до трката во Белгија, во последниот викенд на август за да го добие новиот посилен агрегат од Скудерија, нешто што фабричкиот тим го вози од пред две недели, од Канадското ГП. Шефот на екипата, Мониша Калтенборн, истакна дека тоа нема врска со финансиите на екипата, туку дека тие едноставно се на поинаква стратегија одошто Ферари.

Од Ферари ни кажаа дека сеуште продолжуваат со развојот, затоа очекуваме дополнително засилен мотор на крајот од летото. Сакаме тоа да дојде во пакет со нашите нови аеродинамички делови, за да добиеме еден многу посилен пакет за силен финиш во шампионатот.

Тоа нема врска со финансиите. Таква е нашата стратегија. Во Маранело го користат својот трети мотор, а ние нашиот втор, така што тоа се две целосно различни програми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ