За Њуи, Макс е многу сличен со Хакинен

Иако Макс Верстапен често е мета на критика поради својот агресивен стил на возење, Адриан Њуи смета дека таквите обвинувања не се на место.

Холанѓанецот пристигна во спортот во 2015 година и веднаш стана мета на критика поради својот “насилнички“ стил на возење и претераната агресија за време на претекнувањето и бранењето на патеката. Највпечатлива беше неговата војна против Луис Хамилтон лани. сезоната во која стигна до својот прв наслов.

многу е неправедно да се споредуваат возачи од различни ери, но макс секако е при врвот како и да се гледа. мислам дека имиџот на агресивен возач е претеран, можби на почетокот од својата формула 1 кариера беше претерано агресивен, но лани воопшто не беше така. многу е смирен генерално, многу е одмерен, има фантастични рефлекси и одличен е за соработка – вели њуи.

Пред да дојде во Ред Бул во 2006 година, Адриан работеше на шампионски болиди во Вилијамс и Мекларен, така што има и возачи шампиони кои рабоеле со него. Тој посочи дека пристпот на Макс го потсетува на Мика Хакинен кој освои последователни титули во 1998 и 1999 година со Мекларен во болидот дизајниран од него.

мика не зборуваше многу, понекогаш мораше да се преведе тоа што го кажува, но ако тие 10 зборови точно се преведат, можеше многу да дознаете за болидот.

големите возачи, а го сместувам и макс во таа категорија, знаат што сакаат од болидот и знаат како да комуницираат со своите инженери за полесно да постигнат се што имаат зацртано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ