Зек Браун: Рикардо му помогна на Норис

Првиот човек на Мекларен, Зек Брун, посочи дека Даниел Рикардо го направил својот колега Ландо Норис подобар и помогнал младиот британец да се развие и напредне.

Во Среда тимот објави дека взаемно се договориле со Даниел Рикардо пред време да се раскине договорот на австралијанецот кој истекува следната година. Решавачки фактор за тоа секако дека беа перформансите на патеката на 33-годишниот возач, но Браун го крие и позитивното влијание кое возачот го имал во тимот.

има многу работи поради кои даниел ќе ни недостасува, тој донее многу во тимот. да почнеме со ландо, знаевме за што е способен даниел, а норис имаше страшен конкуренте против себе и на тој начин рикардо му помогна на својот млади колега д анапредне и да се развие.

комерцијално со фановите кои даниел ги донесе, мекларен имаше одлична енергиј, а кога имате седумкратен победник на трка во тимот, секако дека ентузијазмот е поголем насекаде. неговите работни навики се одлични, неговиот оптимизам исто така и дури кога има лош ден, носи позитивна енергија околу себе.

победата во монца беше неверојатна, а прославата со мојата тетоважа во америка беше нешто што никогаш нема да го заборавам. тој донесе огромно позитивно влијание во нашата екипа, тоа е факт – посочи американецот.

Запрашан дали прекинот на соработкаа со Рикардо бил најтажна одлука која ја донел, Браун призна дека имало и личен момент во истото.

за време на мојот престој во мекларен, секако дека ова е најтажна одлука која сум ја донел. даниел е одличен човек, одлична личност, многу се смеевме и забавувавме. поради сето тоа е лично и тажен ден за тимот што работите не испаднаа како што се надевавме и очекувавме. ако се присетите на убавите спомени, имаше многу такви на патеката и надвор од неа.

овој спорт е бизнис и фокусот секогаш е на врвните перформанси, така што му посакуваме на даниел се најдобро и се разделуваме со најдобра мисла.

мислам дека и тој имаше одличен период во мекларен, млад е и се надевам дека повторно ќе добие силен болид за себе, а можеби ќе го видиме и како конкурент на патката затоа што е многу силен возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ