Мекларен презадоволни со правилото за аеродинамично тестирање

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, ги пофали ограничувањата за аеродинамичко тестирање во Формула 1 (ATР) кои беа воведени за да помогнат во изедначувањето на гридот.

Правилата на ATР стапија на сила во 2021 година заедно со ограничувањето на буџетот, што делува како систем за хендикеп за ограничување на количината на аеродинамичко тестирање што тимот може да го направи во текот на сезоната.

Колку повисоко ќе заврши тимот во шампионатот за конструктори, толку помалку вреќе ќе му биде дозволено за воздушниот тунел и CFD симулации. Ова потоа се ресетира по шест месеци за да го одрази тековниот редослед во шампионатот.

На пример, Астон Мартин заврши на седмото место минатата година, што значеше дека тимот доби распределба на 100 проценти време за тестирање во воздушниот тунел во текот на зимата.

Но, кога ресетирањето стапи на сила на 30ти Јуни, тие беа трети, па сега нивното време е прилагодено на 80 проценти од времето за тестирање.

Мекларен моментално е на шестото место, што значи дека добива 95 проценти од времето, што во превод значи 304 тестови во воздушниот тунел и 1,900 CFD симулации.

Секако добредојдено е да имаме неколку часа повеќе од најдобрите тимови – изјави Стела.

Изгледа дека сега имаме повеќе добри идеи да ги тестираме во воздушниот тунел.

Можете да имате многу, многу часови во воздушниот тунел, но вистинската промена на играта е квалитетот на идеите и квалитетот на концептите што ги ставате во развојот.

Сега се чини дека сме во добра позиција од оваа гледна точка, па задоволни сме од дополнителните часови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ