Илот не жали по Ред Бул

Резервниот возач на Ферари и Алфа Ромео, Калум Илот изјави дека не жали што не е повеќе дел од Ред Бул јуниорската програма. 

Откако Макс Верстапен влезе во Формула 1 по само една сезона во Формула 3, Илот имаше сличен предизвик од Хелмут Марко каде требаше да се докаже. Но, тој не успеа во тоа бидејќи холанѓанецот имаше поставено превисоки стандарди. 

Се сеќавам дека беше на Силверстон, Имав состанок со Марко и Тој ме праша колку години имам. Во тоа време имав 15 години и напредував. ми кажа дека ќе возам во формула 3 во Карлин, а Таму беше Макс претходната година.

Мислам дека тоа беше вистински потег. Не жалам, Таква е судбината и Мора да продолжиш да работиш – објасни илот.

Подоцна на Илот му пристапи шефот на ФДА, Масимо Ривола кој ги забележа квалитетите на возачот и му даде шанса во нивната академија. 

Се сеќавам дека зборував со него. Излетав на таа трка каде што водев и тој ми кажа дека сум бил неверојатно брз, но не треба да ризикувам и да се релаксирам малку. ме покани да дојдам во ФДА. Тој покажа интерес за мене. Работа со Ферари е привилегија. 

Сега тој тестира со Ферари и Алфа Ромео и признава дека можеби бил доста ентузијастички расположен за собирање информации од инженерите и е во добра позиција доколку добие место во Формула 1. 

Мислам дека се забавија работите. Сакам полека да работам. Тестирав во Бахреин и тестот беше корисен. Имав време да зборувам со сите и да ја разберам програмата така што Ми се одговорија доста прашања.

Очиглено учам и не треба да се дефокусирам. Немам стрес за цела сезона како што имав претходно. Уживам во релаксирана атмосфера. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ