ИНЕОС стана акционер во Мерцедес, а Волф го продолжи договорот

Британскиот хемиски гигант, ИНЕОС, стана трет најголем акционер во Формула 1 тимот на Мерцедес како дел од нов договор со кој Тото Волф останува во улогата на тимски шеф.

ИНЕОС беа во преговори со тимот уште од Септември околу можно учество во сопственичката структура на тркачкат екипа. При објавата на веста, беше потврдено дека сопствеништвото на тимот сега ќе биде поделено на 3 дела, со еднаков процент помеѓу Мерцедес (Даимлер), ИНЕОС и Тото Волф.

Како дел од договорот, Тото Волф останува тимски шеф и Главен извршен директор во следните три години, со потенцијална опција за целосна извршна функција потоа. 

Среќен сум што ќе започнам ново поглавје со Мерцедес АМГ Петронас Формул 1 тимот. Овој тим е како мое семејство.

Поминавме низ многу силни моменти, но и падови, така што не можам да замислам да работам со подобра група на луѓе во спортот. Многу сум среќен што продолжуваме заедно – вели австриецот.

Новата инвестиција од ИНЕОС потврдува дека од деловна гледна точка, Формула 1 тимовите се прилагодливи и тоа испраќа важен сигнал за спортот по сезона со предизвици. Сер Џим Радклиф, претседателот на ИНЕОС и еден од најбогтите британци, го изјави следното:

Кога влеговме во Формула 1 на почетокот на годината, го избравме тимот на Мерцедес кои функционираа на друго ниво, а од тој период бевме во преговори да ја зголемиме инвестицијата.

Ова е уникатна можност да се инвестира во тим кој е на врвот, но која и ќе нуди силен потенцијал за раст во иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ