Историја на Формула 1 квалификациите

Претсојното Британско Гранд При ќе биде првиот настан на кој ќе се воведе за прв пат во Формула 1 историјата спринт трка односно спринт квалификации кои ќе го одредат стартниот поредок за главниот настан во Недела.

За оваа сезона се предвидени три спринт квалификации како проба, Силверстон, а потоа Монца се потврдени домаќини, а за третиот настан во конкуренција се Америка и Бразил. Промената е историска, а да видиме како тоа квалификацискиот систем се менувал во 71-годишната историја на спортот.

Дводневен формат 1950 – 1995

Неверојатни 46 години Формула 1 го задржа истиот квалификациски систем со една сесиј во Петок и втора во Сабота. Најбрзото време од двата дена го одредуваше стартниот поредок, едноставно, но не премногу возбудливо.

“Бркотница“ од еден час 1996 – 2002

Од 1996 година, квалификациите се одржуваат само во Сабота попладне, а тогаш секој возач имаше 12 кругови да постави најбрзо време и на тој начин се одредуваше гридот. Едноставен формат.

Квалификации од еден круг 2003 – 2004

Возачите се појавуваа еден по еден во Петок согласно поредокот во шампионатот и тие кругови го одредуваа редоследот на возење во Сабота. Во Сабота возачите возеа по обратен ред од постигнатото претходниот ден и сите имаа по еден круг. Дополнително, квалификациите се возеа со полн резервоар.

Во 2004 година, двете сесии се одржуваа во Сабота, а негативно за овој формат беа условтите на патеката кои непредвидено можеа да помогнат или одмогнат на некого.

Агрегатни (вкупни) квалификации 2005 (шест трки)

Во 2005 година Берни Еклстон реши да го промени кваификацискиот систем со агрегатен формат каде времињата постаени во текот на една квалификациска сесија се собираа и на тој начин го одредуваа гридот.

Во Сабота попладне секој возач имаше право на круг со празен резервоар, а во Недела имаше право на круг со горивото со кое ќе стартува на трка. Форматот беше страшно непопуларен кај фановите и медиуми кои се жалеа дека не можеа да го објават стартниот поредок во своите неделни изданија.

По шест трки, форматот беше напуштен и спортот се врати на квалификациите со еден круг само во Сабота.

Нокаут квалификации 2006 – 2009

Во 2006 година беше воведен системот кој беше многу сакан, квалификациите беа поделени на три делови, а најбавните возачи беа елиминирани во секој сегмент, а бројот на елиминираните варираше секоја сезона во однос на бројот на пријавени возачи на гридот.

По секој сегмент, поставените времиња не се пренесуваа, исто како и денеска. Форматот беше возбудлив затоа што секогаш имаше можност добар возач да не испораќа во првиот или вториот сегмент и да стартува о дпозадина.

Проблемот беше што во последниот сегмент возачите мораа да се квалификуваат со горивото кое го носат на трка, а фановите сакаа брзи кругови со минимално гориво.

Актуелен формат 2010 – 2015

Со напуштање на долевањето на гориво, квалификациите дозволија максимални перформанси со празен резервоар на квалификации. Првично, стартот на трката мораше да се спроведе со гумите од најдобриот круг во последниот сегмент, но потоа тоа се смени дека стартот мора да се одработи со гумите од средниот сегмент.

Елиминациски квалификации 2016 (две трки)

Во 2016 година ФИРА одлучи да направи промени на квалификациит есо елиминирање на најбавниот болид по седум минути во К1, а таквиот начин на елиминација продолжи во текот на сесијата, така што еден возач беше елиминиран на секои 90 секунди. Во К2 и во К3 беше применуван истиот формат и така озачите беа елиминирани се додека не остане еден кој освојува пол позиција.

Концептот беше збунувачки и непопуларен кај фановите, траеше само две трки, во Австралија и Бахреин, пред ФИА да реши да се врати на претходниот.

Назад кон претходниот формат 2016 – ?

Формула 1 се врати кон форматот користен од 2010 година кој се користи до денеска. Така 20 возачи има на гридот, петорицата најбавни се елиминирани во К1, а уште петорица најбавни во К3 по што остануваат 10 да се борат за пол позиција во најбрзиот дел.

Спринт трка 2021 – ?

Британското Гранд При викендов ќе биде домаќин на последна промена во квалификацискиот формат, по што ќе стане јасно дали истото ќе им се допадне на фановите. Предлогот е одличен, куса спринт трка во Сабота која ќе одреди стартен поредок.

Спринт трката нема да има задолжителна промена на гуми, изборот на пневматици ќе биде слободен, ќе се возат 100 километри за да се одреди кој ќе тргне од пол позиција. НА крајот ќе се доделат и поени, 3 за првиот, 2 за вториот и поен за третиот, бодови кои може да се клучни во борбата помеѓу силно изедначените Мерцедес и Ред Бул.

Вообичаеинте нокаут квалификации ќе останат на сила, но ќе се одржат во Петок попладне и ќе го одредат гридот за на спринт трката. Резултатот од спринтот ќе го одреди Гранд При стартниот поредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ