Спринт трка наместо квалификации ?

Шефовите на спортот ја истражуваа можноста за промена на квалификацискиот систем со што поредокот на гридот би се одредувал со кус спринт трка, со цел да се привлече поголем број фанови. Според германски Auto Motor und Sport, Либерти Медиа предложиле саботна спринт трка од 100 километри без лимит во однос на горивото и гумите. а нејзиниот исход би бил стартен поредок за главната трка во Недела.

До пред некое време се зборуваше и се обратен редослед на стартот од резултатите на трката, но челниците сметаат дека со тоа би се создала вештачка драма и возбуда.

Последниот пат Берни Еклстон направи промена на квалификациите во 2016 година и се воведе систем на елиминација, но контраверзниот систем беше напуштен по само една единствена трка. Сегашниот систем се базира на елиминација на одреден број возачи во тек на квалификации поделени во три сегменти.

Пред финално дефинирање на сетот правила кои би важеле по 2021 година, американските сопственици сакаат да го чујат ставот на тимовите во однос на квалификацискиот формат. Се зборува и за спојување на Т1 и Т2 во сесија која би траела два часа во петок со цел да се направи време во текот на првиот Гранд При ден поблизок контакт на фановите со болидите и возачите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ