И Хорнер зачуден од стратегијата на Ферари

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, призна дека останал изненаден од стратегијата на Ферари која потенцијално го чинела Шарл Леклер победа на трката.

Леклер е главен ривал на Макс Верстапен за овогодинешниот наслов по првите 10 трки од сезоната, но на Силверстон загуби од својот колега Карлос Саинз, иако водеше во голем дел од трката и последниот рестарт го дочека како лидер. Сепак, се чини дека Скудерија повторно “утнаа“ со стратегијата менувајќи на софт кај шпанецот, а оставајќи го Леклер ранлив со стари и строшени хард гуми. По сите случувања, моначанецот од Ферари намали само 6 поени од предноста на холанѓанецот.

многу работи се случија на трката, макс се бореше жестоко да го зачува своето 7мо место кое никогаш не му било толку вредно како сега, а мислам дека ферари промашија со леклер.

фантастично беше што карлос конечно стигна до победа, секогаш знаев дека е многу брз возач, а денеска имаше и исправна стратегија.

ферари решија да ја поделат стратегијата помеѓу нивните болиди, но мене ми е тешко да разберам зошто. требаше да искористат колку што може повеќе за нас да ни одземат поени, а тие го оставија шарл ранлив за чеко перез кој дојде до подиум – вели хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ