Камилиери до Верстапен: Важно ли е што вели едно 22-годишно момче?

Секаква надеж за возачко место во Ферари за Макс Верстапен се чини дека паднаа во вода откако Главниот извршен директор, Луис Камилиери, врати на претходните коментари насочени од холанѓанецот до Маранело.

Имено, за време на Американското Гранд При Макс ги обвини Ферари дека биле бавни затоа што повеќе не мамат, откако ФИА претходно објави директива со појаснување околу правилата за моторите.

зошто би му давал кредибилитет на некое 22-годишно момче?

сензационални откровенија од тој тип вообичаено не ве носат многу далеку. тој има 22 години и зошто би му давале било какво значење кога ние сме ферари. понекогаш тишината е многу помоќна, така сметам јас – изјави камилиери на собирот по повод божиќните празници во маранело.

Првиот човек на компанијата смета дека “инспиративните“ зборови на возачот му наштетиле на тимот.

верстапен сакаше да стави гоелем притисок врз тимот и врз матиа биното и поради тоа јавно зборуваше дека насекаде во маранело има инспектори од фиа. неговите зборови создадоа огромни проблеми во тимот.

јас ја разбирам неговата фрустрација и поради тоа нема да одговорам, ќе останам нем.

ние сме ферари и мораме да одбегнуваме контроверзии од било како вид затоа што во спротивно како да играме веќе загубена игра, нешто што мислам дека не ни треба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ