Капито: Единствено Мерцедес може да го одбие Фолксваген

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, смета дека Мерцедес е единствената екпиа на гридот која би одбила понуда за соработка од Фолксвеген Груп.

Мерцедес, Ферари и Рено се трите официјални снабдувачи со мотори во спортот, иако е најавено дека и Хонда ќе остане во иднина да дава мотори во Ред Бул и АлфаТаури и така ќе биде се до крајот на оваа ера на мотори, односно до крајот на 2025 година. Тоа значи дека спортот ќе дојде до 2026 година кога се очекува влез на нови производители, а за сега најзагреани се Фолксваген преку некои од своите брендови.

На состаноците на кои се дискутираат моторите и нивната иднина, концернот присуствува преку врвниот персонал во Порше и во Ауди за кои се верува дека ќе станат дел од Формула 1.

Капито смета дека 9 од вкупно 10 екипи би разговарале со Фолксваген за соработка, единствено Мерцедес веднаш би одбил било што. “Сребрените“ ги освоија 15 од последните 16 титули во тркачката серија од 2014 година, единствено ја загубија возачката минатата сезона.

формула 1 станува се поатрактива во последно време за производителите. би бил задоволен ако фолксваген наскоро реши да стане дел од спортот со некој свој бренд, но нема смисла да се разговара ништо се до нивна официјална одлука.

не мислам дека никоја екипа може да ги одбие нив, сигурен сум, освен мерцедес се разбира – посочи главниот извршен директор на вилијамс.

Потоа германецот беше запрашан за проактивноста, односно користа од првиот потег да биде направен од тимот наместо од Фолксваген, по што тој повтори дека компанијата најпрво треба да донесе официјална одлука за влез во спортот пред било што.

не мислам дека тоа има смисла се додека тие не потврдат дека ќе дојдат во формула 1, нема потреба да се креваат надежите и очекувањата, се работи чекор по чекор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ