Капито откри како му помогнал на Верстапен

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, се отвори во врска со својот однос со различни луше во Формула 1 падокот, мешу кои најинтересно било како му помогнал на Макс Верстапен на почетокот на неговата кариера.

63-годишниот германец стана шеф и Главен извршен директор на Вилијамс од пред една година откако дојде во Гроув со одлично моторспорт реноме и педигре по успесите кои ги имаше во рели со Фолксваген и Форд, а има и Формула 1 престој во Мекларен во 2016 година кој не заврши славно. Тој го предводеше Вилијамс во најуспешната сезона од 2017 година.

му дадов на верстапен мотор за да вози во формула 3 со ван амерсфоорт, во спротивно немаше да влезе во таа серија таа година. потоа директно отиде во ред бул по само неколку трки во формула 3. разговарав со доктор хелмут марко затоа што имам одличен однос со ред бул, тие ми веруваат – се присети капито.

Врските на Јост со “биковите“ се и преку еден од сопствениците на компанијата и сопственик на Формула 1 тимот, Дитрих Матешич. Тоа станало јасно при преговорите да се донесе Александер Албон во Вилијамс како замена за Џорџ Расел. Од една страна Капито ги имаше Ред Бул, а од друга моќниот Тото Волф и Мерцедес кои притискаа д асместат свој возач во тимот.

беше полесно одошто луѓето мислат затоа што имам одличен однос со ред бул поради тоа што работев со нив во моето време со заубер во 1996 година, го познавам матешич лично многу добро затоа што беше и главен спонзор на фолксваген во рели програмата.

имам одличен однос и со тото затоа што кога бев на чело во фолксваген тој беше шеф на мерцедес и двајцаа бевме дел од формула 3 така што имавме доста комуникација.

имам доверлив однос со ред бул, но и со мерцедес. мислам дека и двете компании ми веруваат и тоа останува непроменето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ