Кубица добива сесија со Алфа во Барселона

Роберт Кубица ќе го вози болидот на Алфа Ромео на првата тренинг сесија за претстојната Голема награда на Шпанија викендов, а ќе продолжи да вози и на тестот за Пирели кој ќе треба да го одрботи по Гранд При трката.

Полјакот е резервист и оваа година, а го возеше болидот на Алфа кога швајцарците користеа ден за снимање во Барселона во пресрет на предсезонскиот тест кој годинава се одработе во Бахреин.

Минатиот месец Кубица победи на првата трка од Европската Ле Ман Серија каде се трка годинава возејќи во ЛМП2 класата Орека 07. Во Петок ќе го превземе болидот на Кими Раиконен за прват сесија откако Антонио Џовинаци го отстапи својот болид на Калум Илот минатиот викенд во Португалија.

Во Вторник и Среда по Гранд При трката, Алфа заедно со Алпин и Ред Бул ќе ги тестираат 18-инчните гуми на Пирели на истата патека.

нетрпелив сум повторно да влезам во болидот во петок, но и да возам следната недела. последен пат го возев ц41 во барселоан во февруари и сакам да вида колку болидот напреднал во однос на новите делови и рзбирањето од страна на инженерите.

возење формула 1 болид секогаш е посебно искуство и нетрпелив сум да придонесам во работата на тимот и да помогнам во нивната борба во средината од поредокот.

исто така ќе добијам и можност да ги возам новите 18-инчни гуми кои ќе бидат првотакво искуство за мене затоа што истите ќе дебитираат следната година – изјави кубица.

Тимскиот шеф, Фредерик Васур, на ова додаде:

ќе биде одлично што ќе го имаме роберт назад во болидот прв пат по тестот кој го одработи во барселона. дополнителното негово време во болидот ќе ни даде корисни информации затоа што е многу искусен. исто така, нетрпеливи  сме и за информациите околу гумите кои ќе ни ги пренесе.

на средина сме од многу блиска борба во средината на поредокот и секакви информации од нашите возачи може да бидат тајно оружје кое ќе не напредне.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ