Кубица ќе вози Алфа Ромео во Абу Даби

Роберт Кубица за последен пат ќе вози на официјален Гранд При тркачки викенд за Алфа ромео во абу даби викендов, а потоа следува негово појавување и на тестот по крајот на трката.

Полјакот стана дел од екипата од Хинвил на почетокот од оваа сезона, а до сега сезонава имаше четири појавувања на петочјни тренинг сесии од кои последната во Бахреин.

Поранешниот возач на Рено и Вилијамс ќе го превземе болидот на Антонио Џовинаци во Петок на првите 90 минути од Абу Даби Гранд При, а ќе остане со тимот и во Вторник на тестот за млади возачи.

секое мое возење на болидот е можност да придонесам во тимот и навистина со нетрпелив да го направам тоа само две недели по моето претходно возење во бахреин.

честото возење ми овозможува да имам константно чувство за болидот и тоа ми помага да дадам попрецизни информации на тимот кој го очекува тоа од мене.

двете сесии, петочната и тестот по крајот на сезоната, ќе бидат многу корисни и непреливо очекува да придонесам колку што можам повеќе – најави кубица.

На тестот, Кубица ќе вози заедно со Калум Илот, британскиот штитеник на Ферари кој заврши на 2ро место во овогодишната Формула 2 сезона.

сезонава привршува, но сеуште има многу работа и сметам дека секоја можост да го возиме болидот на патека е важна и ќе ни помогне.

да се има неко со вештини, техничко знаење и искуство како роберт само ќе ни помогне да го максимизираме денот. тој се покажа многу корисен за нас во текот на сезонава и така ќе остане и следните две негови појавувања во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ